УСОГЛАСЕНОСТ СО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ, ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА И ПРОПИСИТЕ
Етиката е во тесна врска со усогласеноста со законските одредби, правната регулатива и прописите.
Секој вработен мора постојано да биде сигурен дека стриктно се придржува кон законските одредби, правната регулатива и прописите, како и кон какви било договорни обврски што произлегуваат во текот на нивното работење.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
-
Разговарајте со вашиот Менаџер за познавањето на правните работи и аспекти потребни за вашата работна позиција.
-
Ако е потребно за вашата работна позиција, научете ги барем основите на релевантните законски одредби и правни регулативи.
-
Користете ја правната алатка за мониторинг на вашата компанија, доколку е достапна, и/или консултирајте се со Одделот за правни работи
-
Придржувајте се до применливите делегирани работи **.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
Доколку во прашање е законитоста на документот, следете ги процедурите:
-
Разговарајте за проблемот со вашиот Менаџер и колегите од вашиот оддел.
-
Во зависност од проблемот, контактирајте го Одделот за правни работи и осигурување, Офицерот за етика и усогласеност на Групацијата и/или Менаџерот за човечки ресурси.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
-
Носење каква било одлука што може да сноси правни ризици без претходна консултација со вашиот Менаџер или Одделот за правни работи.
-
Преземање обврска или обврзување на компанијата, доколку постои сомневање во однос на почитување на законските одредби и правните регулативи/прописите од страна на компанијата или нејзините партнери.
Штотуку бев унапреден на нова работна позиција. Моето ново работно место опфаќа управување со ризикот и опасностите од животни на аеродромот, а мојот тим само што ме извести дека мора да се придржуваме до конкретна регулатива што не ми е позната.
Како да постапам?
Треба да разговараш за ситуацијата со твојот Менаџер и да побараш од Одделот за правни работи да ти обезбеди релевантни информации.
Менаџер сум на Одделот за обезбедување во терминал. Јавен службеник ме извести дека моите процедури за работа мора да им овозможат на државните агенти да поминат на пунктот за безбедносна проверка врз основа само на нивната униформа и без да покажат значка. Иако не можам на најдам нешто поврзано со ова во применливите регулативи, постапив согласно барањето бидејќи сепак доаѓа од еден од владините оддели.
Дали мојата одлука е правилна?
Доколку овој тип на исклучок не е предвиден со закон, државниот службеник не е овластен да го бара тоа. Постапувањето согласно барањето на службеникот го прекршува законот и ја загрозува компанијата. Треба да се обратите до Одделот за правни работи, каде може да добиете информација дали постои таква законска одредба и каде може да ви помогнат да подготвите одговор за службеникот што го поднел барањето.
БОРБА ПРОТИВ
ИЗМАМНИЧКО
ОДНЕСУВАЊЕ
Измамничко однесување е секое дело на измама со цел здобивање со несоодветна или незаконска предност.
Измамничкото однесување може да биде предмет на кривично гонење. Во примерите на измамничко однесување спаѓаат кражба, изнуда, проневера, злоупотреба на доверба, нелегална трговија, прикривање, перење пари, корупција (видете Спречување корупција), фаворизирање, злоупотреба на службена положба и овластување, незаконско присвојување јавни средства, проневера на јавни средства, нелегално тргување со акции или злоупотреба на средства на компанијата и узурпација на идентитет/канцеларија.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
Секој вработен треба да биде проактивен во спречувањето на измамничко однесување.
-
Спроведувајте ги сите применливи упатства и процедури.
-
Заштитете ги средствата и инвентарот на компанијата (објекти, опрема и сл.).
-
Следете ги сите активности и чувајте ги сите придружни документи.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
-
Во случаи на сомневање за измама, не заборавајте да го информирате вашиот Менаџер, Одделот за правни работи, или Офицерот за етика и усогласеност на Групацијата.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
-
Игнорирање на процедурите на компанијата.
Работам како сметководител. Еден петок во 4 часот попладне, добив телефонски повик од некој кој тврдеше дека е Главниот извршен директор, и ми даде насоки веднаш да извршам трансфер на средства на сметка и ми ги даде деталите за сметката.
Треба ли да постапам согласно барањето?
Ова може да е измама во обид, попозната како CEO fraud. Морам да сум сигурен дека ја следам правилната процедура, вклучително и дека ќе го известам мојот Менаџер и ќе го започнам процесот на валидација и одобрување.
На службено патување сум и би сакала да им купам подарок на моите деца. За да платам, ја користам банкарска картичка од Групацијата АДП што ми е дадена за користење.
Дали е ова прифатливо однесување?
Ова е злоупотреба на доверба. Деловната банкарска картичка може да се користи само за деловни цели.
СПРЕЧУВАЊЕ
КОРУПЦИЈА
Корупцијата се состои од прибавување предност (подароци, гостопримство, пари, информации, услуги и слично) за кое било јавно или приватно лице со цел да се натера да постапи или да се воздржи од постапување. Корупцијата може да биде активна (од страна на корупционерот) или пасивна (од страна на лицето кое е корумпирано).
Самата намера може да се смета за доволна за да се квалификува како кривично дело!
Не се одговорни само оние кои што се вклучени (оние што корумпираат и оние што се корумпирани): компанијата и нејзините претставници исто така се одговорни при вакви случаи. Корупцијата исто така наштетува и на угледот и репутацијата. Со цел ефикасно спречување на корупцијата, сите вработени мора да ги знаат и да ги применуваат следниве начела, односно принципи:
Нема компромис со усогласеноста.
Групацијата АДП секогаш ќе биде на страната на вработените што работат во согласност со и се водат според етичките правила и вредности и кои одбиваат да учествуваат во каква било форма на корупција или поткуп.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
-
Секојдневното работење нека биде отворено, правично и чесно и во согласност со стандардните процедури за работа на Групацијата АДП.
-
Дозволете нашите партнери да знаат за нашата заложба за борба против корупцијата.
-
Во случаи на сомневање за илиобид за корупција, информирајте го вашиот Менаџер, или Офицерот за етика и усогласеност на Групацијата.
-
Погледнете ја Повелбата за одговорно лобирање каде ќе најдете насоки за застапување на интересите.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
-
Чувствувате дека некому/нешто должите откако сте добиле предност или некаква корист од партнерот.
-
Справување со посредници (или деловни застапници) без да ги соопштите нашите заложби против корупцијата или пак да ги вметнете во договори.
-
Прифаќање или нудење подарок или гостопримство без анализа на контекстот.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
-
Нудење или прифаќање поткуп, подароци, гостопримства, услуги и слично, за да добиете повик на тендери или во замена за доверливи информации за компанијата.
-
Согласување да се користи посредник определен од страна на клиентот или кандидат за да се обезбеди договор.
-
Одобрување прием на услуга или нарачка поголема од она што всушност било обезбедено/испорачано за да се добие корист од давателот на услугата, или за себе или за други.
-
Разгледување деловен однос (види процедура за проценка на трета страна) без претходно да се провери третата страна за која станува збор (добавувачи, клиенти и сл.).
-
Потплаќање со цел да се олесни или забрза добивањето овластувања.
ЕДИНСТВЕНИОТ ИСКЛУЧОК ОД ОВИЕ ПРИНЦИПИ:
маргина на толеранција се применува кога физичката безбедност на една личност – или неговите или нејзините роднини – е загрозена. Доколку тоа се случи, треба веднаш да го известите вашиот Менаџер, Менаџерот за човечки ресурси, Одделот за правни работи или Офицерот за етика и усогласеност.
Работам како експерт за системи за ракување со багаж. Добавувач на опрема за системи за ракување со багаж ми понуди ВИП седишта на голем спортски натпревар ако им дадам технички податоци за нашиот систем за ракување со багаж.
Дали е ова прифатливо?
Ова е обид за поткуп што е казниво со закон и од страна на Групацијата АДП. Ја одбивам понудата. Исто така, го известувам и мојот Менаџер или Офицерот за етика и усогласеност.
Работам на аеродром. Локалниот менаџер на една авиокомпанија ми понуди бесплатен авионски билет или пак промена на билет во повисока класа ако се согласам да го вработам неговиот син.
Дали е ова прифатливо?
Ова е обид за поткуп што е казниво со закон и од страна на Групацијата АДП. Ја одбивам понудата. Исто така, го известувам и мојот Менаџер или Офицерот за етика и усогласеност.
ПОСЛЕДИЦИ ОД ПРЕКРШОЦИ ВО СВЕТСКИ РАМКИ
ЗА КОМПАНИЈАТА
-
Од 5 милиони евра до 30% од приходот на компанијата (францускиот закон за спречување корупција, познат и како Sapin 2)
-
Исклучување од одредени пазари (на пр. од страна на Светска Банка)
-
Забрана за задолжување/земање кредити
-
Нанесување штета на угледот и репутацијата на компанијата
ЗА ВРАБОТЕНИТЕ
-
До 10 години затворска казна
-
Парична казна од 1 милион евра (францускиот закон за спречување корупција, познат и како Sapin 2)
-
Одземање граѓански права
-
Забрана за вршење дејност/работење во релевантната област повеќе од 5 години
ЗАШТИТА ПРИ
ПРИФАЌАЊЕ ИЛИ ДАВАЊЕ
ПОДАРОЦИ, ГОСТОПРИМСТВО
ИЛИ ПРИДОБИВКИ
Подароците и гостопримствата лесно може да се сметаат како обиди за поткуп или корупција. Затоа, тие мора да бидат ретка практика. Ваквите ситуации можат да ги изложат вработените и компанијата на истите ризици.
Додека одржувањето добри односи понекогаш може да ги натера вработените во Групацијата да понудат или да прифатат подароци или гостопримства, сепак контекстот на ваквите ситуации неопходно е внимателно да биде анализиран и испитан.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
-
Анализирајте го контекстот во кој се нудат или прифаќаат подароци или гостопримства, користејќи ги 4-те критериуми дадени на следната страница.
-
Дајте предност на рекламни/промотивни подароци или на оние чија вредност е чисто симболична.
-
За време на професионални/стручни собири, Групацијата АДП може да финансира превоз и сместување, доколку е корисно и полезно за деловните активности.
-
Секогаш барајте одобрение од вашиот Менаџер за сите подароци / гостопримства чија вредност е поголема од 200 евра (> 200 €)*.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
-
Избегнувајте ги сите подароци или гостопримства што може да го натераат надворешниот набљудувач да се запраша за интегритетот на давателот или примателот на подарокот или гостопримството.
-
Избегнувајте ги сите подароци или гостопримства што можат да влијаат врз непристрасноста на сите одлуки што вработениот мора да ги донесе во интерес на Групацијата АДП.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
-
Прифаќање: која било сума на пари, дури и како заем или гаранција, или бесплатно обезбедување на подвижни средства или имот, опрема, патувања или друга услуга обезбедена од трета страна, без разлика дали е за некого лично или за некој од неговото/нејзиното семејство, пријатели или колеги.
-
Прифаќање каков било подарок или гостопримство што ве става во ситуација да му должите на давателот на подарокот или гостопримството.
-
Прифаќање каков било подарок или гостопримство за време на стратешки важен момент, односно временски период (на пр. отворен повик за тендер).
- Консултирајте се со Одделот за етика и усогласеност преку платформата (https://alert.groupeadp.fr).
ИНДИКАТОРИ
4 критериуми за анализа на контекст:
-
1
Преку Одделот за правни работи дознајте дали локалните закони имаат специфична рамка.
-
2
Обрнете внимание на стратешкиот контекст, доколку е присутен: ниту прифаќајте ниту нудете подароци / гостопримства за време на тендери, периоди на гласање, преговори и сл.
-
3
Одвојте го приватниот од деловниот живот и однесувајте се на професионално ниво. Следниве ситуации се примери на непрофесионални ситуации:
-
Секое гостопримство кое вклучува пријатели или семејство кои не се директно вклучени во проектот.
-
Кога за време на семинари и професионални настани се поминува повеќе слободно време одошто време поврзано со работата и професионалните активности.
-
4
Утврдете дали вредноста на подарокот/гостопримството е разумна.
-
Тест на реципроцитет: Дали сум овластен да ја дадам истата вредност на подароците / гостопримството во рамките на параметрите на мојата работа?
-
Дали подарокот / гостопримството е разумен/но, исто така може да се процени врз основа на локалните закони и нивоата на приход, критериум што е особено важен кога некој е во странство. Како пример, може да биде во вредност од 5-10% од просечната плата во другата земја.
-
При проценка на вредноста, земете ги предвид сите други подароци / гостопримства во минатото (соберете го нивниот вкупен износ во текот на една година или еден квартал – видете го приказот подолу).
КРАТОК ПРЕГЛЕД
ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И
СПРАВУВАЊЕ СО
СУДИР НА ИНТЕРЕСИ
Судирите на интереси се јавуваат кога личните интереси на вработен или некој негов близок се во судир со работната позиција и обврските и одговорностите на вработениот или мисијата како што е утврдено од страна на компанијата. На вработениот повеќе не може да му се верува за да носи непристрасни професионални одлуки. Иако судирот на интереси не е престап, често произлегува од чувствителна ситуација која може да доведе до вистински прекршоци.
Судир на интереси може да настане во секое време и при секаква ситуација: при склучување договори, работење со надворешни партнери, во склоп на тимот, при регрутација на некој што го познавате, итн.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
-
Извршувајте ги вашите должности на работа единствено и строго во интерес на компанијата, но никогаш не врз основа на вашиот личен интерес.
-
Бидете умешни во препознавањето потенцијален или нов судир на интереси.
-
Доколку има или пак доколку се сомневате дека постои ситуација на кофликт на интереси, пријавете на вашиот Менаџер или на Офицерот за етика и усогласеност и одлучете заедно за најдобриот начин за справување со ситуацијата со цел да се минимизира ризикот за вработениот и за компанијата.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
-
Бидете внимателни и претпазливи кога се работи за ваши пријатели, некој од вашето семејство или вработени кои можат да имаат деловни или лични односи или дури и финансиски интереси со добавувачи, конкуренти или клиенти што соработуваат со Групацијата АДП.
-
Во ситуации од јавен карактер (на пр. избран мандат), бидете сигурни дека не учествувате во носење одлуки што се однесуваат на и се во врска со Групацијата АДП, нејзините подружници или нејзините заеднички вложувања.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
-
Прикривање судир на интереси што може да и нанесе штета на Групацијата или на вработениот.
Учествувам во изборот на добавувач. Мојот брат работи во една од компаниите што аплицирале.
Како треба да постапам?
Зависно од работната позиција на мојот брат во таа компанија како и финансискиот залог во прашање, можно е да има судир на интереси. Единствениот начин да дознаете дали оваа ситуација е прифатлива или не, е искрено и отворено да разговарате за ситуацијата со вашиот Менаџер, со цел да се најде решение што би ве заштитило и вам и Групацијата АДП.
Во слободно време ангажиран сум како потпретседател на Здружението на соседи на аеродромот. Во склоп на мојата работна позиција во Групацијата АДП, меѓу другото, одговорен сум и за проектот за новата писта.
Како треба да постапам?
Групацијата АДП го почитува приватниот живот на своите вработени и всушност, и ги охрабрува да учествуваат во и да бидат дел од здруженија и заедницата во која живеат. Сепак, ако сметате дека вашата вклученост во активностите на Здружението на соседи на аеродромот води или би можело да доведе до судир на интересите со Групацијата АДП, мора да го известите вашиот Менаџер за тоа. Вашиот Менаџер или пак Офицерот за етика и усогласеност ќе ви дадат совети како би било најдобро да постапите понатаму.
ЗАШТИТА НА
ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
И ИНФОРМАЦИИ
Секојдневно работење во рамките на Групацијата АДП бара споделување и обработка на широк спектар на податоци, активности, статистики и студии специфични за компанијата. Овој збир на информации претставува вредно средство. Компанијата е изложена на ризик кога протекуваат податоци, кога тие се неправилно обработени или пак слабо и лошо се управува со нив.
Нашите податоци како вредни средства и ресурси мора да бидат заштитени за да се обезбеди иден раст и конкурентност на компанијата. Од витално значење е да ги заштитиме и да управуваме со чувствителните и доверливи податоци на Групацијата, без оглед на нивниот вид, форма или локација.
За таа цел, Групацијата АДП креираше и воспостави Политика за заштита на податоците на Групацијата*. Сите вработени се одговорни за нејзиното спроведување на дневна и систематска основа. Сите вработени мора да бидат активно вклучени и да работат согласно политиката.
ПОСЕБЕН СЛУЧАЈ:
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Секоја информација што може да се користи за да се идентификува одредена индивидуа (на пр. име и/или презиме), или што овозможува лицето да се идентификува преку вкрстена референција на неколку податоци (телефонски број, регистарски број, број на значка, итн.) се сметаат за лични податоци. Чувствителните или доверливите податоци (биометриски податоци, медицински/здравствени информации и податоци и сл.) се сметаат за подгрупа на личните податоци.
Употребата на вакви лични податоци мора да биде во согласност со сите применливи регулативи, особено со барањата на Европската Општа регулатива за заштита на личните податоци (European General Data Protection Regulation – GDPR).
КАЗНИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СОГЛАСНО ЕВРОПСКАТА РЕГУЛАТИВА
Вообичаени прекршоци:
2% од вкупниот промет на Групацијата. Се применува за следново: повреда на службена должност од страна на управителот/менаџерот и подизведувачот за обработка на лични податоци, неисполнување на обврските од страна на компанијата одговорна за следење на придржувањето кон Кодексот на однесување.
Непочитување на основните принципи, лични права или обврски за време на трансфер на податоци во други земји или меѓународни организации: 4% од вкупниот промет на Групацијата од претходната година.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
-
Одржувајте највисоко ниво на дискреција и доверливост при ракување со податоци поврзани со компанијата, без разлика дали во или надвор од компанијата.
-
Направете проценка на доверливоста на содржината на информација во даден документ и заведете го нивото, односно степенот на доверливост на тој документ, преку употреба на скалата за степен на доверливост на Групацијата која се состои од 4 нивоа (јавен, класифициран, доверлив, строго доверлив документ). Исто така можете да ја видите и Политиката за заштита на лични податоци на Групацијата*.
-
Уверете се дека околината е безбедна кога работите на доверливи информации, користејќи ја само опрема на компанијата и никогаш не работете на документи со доверливи информации на јавни места.
-
При комуницирање, ракување со, односно примање и/или испраќање, ДОВЕРЛИВИ или СТРОГО ДОВЕРЛИВИ информации (без разлика дали усно, писмено, или дигитално), бидете сигурни дека комуникацијата е само со познати и идентификувани лица; ако тие лица не се дел од Групацијата АДП или ако податоците се СТРОГО ДОВЕРЛИВИ, погрижете се да добиете договор за доверливост.
-
Чувајте ги и уништете ги документите со кои ракувате врз основа на нивниот степен, односно ниво на доверливост (сигурносен плакар, уништувач (шредер) и сл.).
Заштита на личните податоци:
-
Штом започнувате некој проект, идентификувајте ги личните податоци со кои ќе ракувате при работењето.
-
Следете ги локалните прописи и интерни правила за заштита на податоци (евидентирање, документирање, собирање...).
-
Вашите активности за заштита на податоците треба да бидат пропорционални на нивото, односно степенот на доверливост на податоците, вклучително и во случаи на пренесување.
-
Избришете ги податоците од вашите лични медиуми за зачувување веднаш штом податоците не се користат.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
-
Следете ги инструкциите и правилата на Групацијата кога работите од дома.
-
Следете ги прописите на Групацијата кога сте на службено патување.
Заштита на личните податоци:
-
Веднаш известете го вашиот Оддел за правни работи, или Офицерот за заштита на личните податоци, или вашиот Оддел за ИТ, ако се сомневате или знаете за кражба или загуба на податоци (на пр. на USB), или дали податоците се променети (на пр. хакирани).
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
-
Откривање, обелоденување, каков било вид информации, документи или досиеја, вклучително и тековните или планираните проекти или студии, особено индустриски, комерцијални, финансиски, технички или други операции, или какви било тајни и процеси поврзани со работењето на која било компанија што е дел од Групацијата АДП, во која било форма, без легитимна причина и без примена на соодветни заштитни мерки.
-
Обелоденување специфични информации на социјалните медиуми во врска со проекти на кои работите или сте работеле.
Заштита на личните податоци:
-
Непочитување на и непридржување кон условите и барањата согласно локалната регулатива, односно локалните прописи или интерни правила за заштита на личните податоци.
Компјутери и заштита на податоци
ЛОЗИНКИ (PASSWORDS)
Користете сложени лозинки, избегнувајте да ја користите истата лозинка на повеќе места; никогаш не ја кажувајте лозинката
СНИМАЊЕ И РЕЗЕРВНИ КОПИИ (SAVING AND BACKUPS)
Податоците од вашата работа снимајте ги само на медиум за зачувување на компанијата
АЖУРИРАЊА (UPDATES)
Применете ги сите ажурирања што се бараат од Одделот за информациски системи на вашите уреди што е можно поскоро
ФЛЕШ МЕМОРИЈА (FLASH DRIVES)
Обидете се да избегнете употреба на флеш меморија / USB меморија и никогаш не ги употребувајте за чување доверливи податоци (висок ризик од губење или од злонамерен софтвер); користете ја платформата за споделување преку постојната алатка на компанија за трансфери на датотеки
Е-ПОШТА (E-MAIL)
Пријавете ги сите сомнителни пораки до одделот надлежен за заштита на податоците* и проверете ги сите линкови (врски) и прилози (атачменти) пред да кликнете на нив
ПРЕЗЕМАЊЕ (DOWNLOADING)
Ако се сомневате, консултирајте се со Одделот надлежен за заштита на податоците*, за да ја проверите безбедноста на линковите за преземање
РОАМИНГ (ROAMING)
Никогаш не зачувувајте податоци за работата на вашиот компјутер; секогаш користете ги опциите за зачувување обезбедени од компанијата; користете филтри за приватност
ОДВОЈУВАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА РАБОТА ОД ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ
Чувајте ја работата и личните намени одделно, вклучувајќи е-пошта, уреди, меморија, итн.
ЗЛОНАМЕРЕН СОФТВЕР (MALWARE)
Веднаш исклучете ја работната станица ако забележите дека се однесува чудно и контактирајте ја вашата ИТ поддршка
ПРИДРЖУВАЊЕ КОН
ПРИНЦИПИТЕ ЗА
СЛОБОДНА КОНКУРЕНЦИЈА
Отворената, непречена конкуренција е основен услов за здрави, цврсти и лојални деловни односи.
Законот за конкуренција забранува фиксирање на цените, договор со поврзани страни и споделување стратешки информации помеѓу конкурентите, како и злоупотреба на доминантна позиција.
Потребно е економските актери кои се натпреваруваат за ист договор да се третираат подеднакво.
Во односите со деловните партнери, Групацијата АДП своето однесување го заснова врз принципите на лојалност, транспарентност и недискриминација.
При набавки, Групацијата АДП применува многу специфични и строги правила со кои се уредуваат јавните договори.
Незнаењето или неразбирањето на овие правила ги изложува вработените и компанијата на тешки административни, граѓански, па дури и кривични казни.
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
-
Секогаш третирајте ги нашите партнери фер и праведно (добавувачи, клиенти, деловни активности, и сл.) со тоа што на секоја засегната страна ќе и бидат дадени истите информации.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
-
Пријавете кај вашиот Менаџер ако се сомневате на таен договор, односно заговор меѓу конкурентите (на пр. понудувачи на повик за тендер кои одлучуваат да се вклучат во утврдување на цените).
-
Никогаш не нудете рабати, попусти или финансиски придобивки од кој било вид, без да ја следите соодветната постапка.
-
Кога се сомневате, консултирајте се со вашиот Менаџер, Одделот за правни работи или Офицерот за етика и усогласеност за да процените потенцијален ризик и да одлучите како да продолжите понатаму.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
-
Директно или индиректно откривање/обелоденување стратешки информации на конкурентни аеродроми.
-
Директно или индиректно олеснување на откривање/обелоденување на доверливи деловни информации меѓу конкурентни клиенти, трговски оператори или добавувачи.
За време на конференција, колега од друг аеродром ми кажа дека би сакал да поразговара со мене за аеродромски најдобри практики. Бидејќи ова изгледаше како корисна идеја, решивме секој месец да си испраќаме пораки преку електонска пошта.
Дали е ова прифатливо?
Откривањето тековни или идни, конкретни и нецелосни, доверливи и деловни информации што не се јавни во врска со комерцијалната тајност е строго забрането и може да доведе до дисциплински мерки. Таквите податоци опфаќаат стратегии за утврдување цени, трошоци, како и деловни, бизнис-политики во однос на другите авиокомпании.
Разговарајте за прашањето со Одделот за правни работи и побарајте совет.
Се градат нови простории за авиокомпанија. За најдобро да се искористат ресурсите, физибилити студиите се спроведуваат со авиокомпанијата „Y“ која што ќе биде лоцирана во овие нови простории.
Дали Групацијата АДП треба да ги извести другите авиокомпании за овој проект?
Групацијата АДП има дискреционо право во однос на доделување на аеродромски локации и капацитети. Сепак, оваа распределба мора да се изврши во услови на фер конкуренција помеѓу различните авиокомпании. Затоа е важно да се консултирате со сите авиокомпании за да се избегнат обвинувањата за фаворизирање или дискриминација.
КАЗНИ
ЗА КОМПАНИЈАТА
-
До 10% од глобалниот вкупен промет
-
Поништување на договорот или на спорните клаузули
-
Побарувања за отштета и за камати
-
Исклучување од повици за тендери
-
Наштетување на угледот и репутацијата
За вработените кои се непосредно одговорни
-
За тешки форми на дела, до 4 години затворска казна
-
75,000 евра, парична казна
ПОЧИТУВАЊЕ НА
ВРАБОТЕНИТЕ, КОЛЕГИТЕ
И ДЕЛОВНИТЕ ПАРТНЕРИ
НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ
-
Да се биде внимателен кон нашите вработени и колеги и да се однесуваме праведно кон нив.
-
Создавање средина што поттикнува доверба и дијалог со цел подобро управување со чувствителните прашања во рамките на нашите тимови. На пример: поттикнете директна дискусија наместо е-пошта, што е можно поскоро, пишувајте јасни и учтиви е-пораки, ограничете го бројот на испратени е-пораки надвор од работното време, освен во итни случаи.
-
Однесувајте се со почит: третирајте ги колегите, партнерите и клиентите на начин што е во согласност со најголемите заложби на Групацијата.
-
Известете го вашиот Менаџер или Офицерот за етика и усогласеност при случаи на вознемирување или дискриминација.
-
Информирајте ги нашите партнери за клучните принципи на нашите етички заложби и бидете подготвени да разговарате за овие прашања со нив.
БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ
-
Будно внимавајте на навестувања и/или индикации дека колегите можеби се во непријатна ситуација.
-
Откријте и ескалирајте какви било случаи кога нашите партнери отстапуваат од нашите етички принципи.
СТРОГО ЗАБРАНЕТО
-
Директна или индиректна дискриминација, особено во тек на процес за вработување или унапредување.
-
Постапување на начини кои може да се доживеат како вознемирување или сексистичко однесување.
Еден колега одлучи да не избере одреден добавувач, иако добавувачот ги исполнуваше сите наши барања и услови. Од коментарите што ги имам слушнато од него, се сомневам дека неговата одлука има врска со националноста на раководителот на компанијата.
Како треба да постапам?
Дискриминацијата заснована врз бојата на кожата, националноста или етничката припадност е неприфатлива и забранета. Треба да го пријавите проблемот на вашиот Менаџер, до надлежните лица во Одделот за човечки ресурси или до Офицерот за етика и усогласеност.
Мојот директен претпоставен, постојано ја критикува и омаловажува работата на еден колега, кој целосно ја изгуби својата самодоверба и покрај тоа што во минатото беше признат за неговата компетентност.
Што можам да направам?
Важен дел од улогата на Менаџерот е да го поттикне и да го мотивира неговиот/нејзиниот тим, притоа третирајќи ги сите колеги објективно и праведно. Менаџерот поставува и служи за пример и од него/неа се очекува да ги третира членовите на тимот – индивидуално и како група – со почит и еднаквост.
Доколку сте сведок или жртва на ментално и/или сексуално вознемирување, не го држете тоа во тајност. Ве молиме разговарајте за проблемот со претставник од Одделот за ЧР или Офицерот за етика и усогласеност.
КАЗНИ СОГЛАСНО ФРАНЦУСКОТО ЗАКОНОДАВСТВО
ДИСКРИМИНАЦИЈА:
-
До 3 години затворска казна и парична казна од 45,000 евра
ВОЗНЕМИРУВАЊЕ:
-
До 3 години затворска казна и парична казна од 45,000 евра
СПРАВУВАЊЕ СО
ЧУВСТВИТЕЛНИ
СИТУАЦИИ
Со кого треба да разговараш?
И како да стигнеш до нив?
Ако имате прашања или сакате да пријавите повреда на Кодексот на однесување, ве молиме контактирајте со:
-
1/
Вашите Менаџери
-
2/
Одделот надлежен за проблемот за кој станува збор: Оддел за Човечки ресурси, Оддел за Правни работи, и сл.
-
3/
Офицерот за етика и усогласеност, преку платформата за укажување на
https://alert.groupeadp.fr(Исто така видете ја и Повелбата за укажување)
Причини за да го користите системот за предупредување
Добриот имиџ на Групацијата е од витално значење за нејзиниот раст и ефикасноста и квалитетот во работењето. Преку тоа што го кажуваат и како се однесуваат, секој вработен на некој начин придонесува за угледот и репутацијата на Групацијата.
Пријавувањето проблеми и овозможува на Групацијата да употреби пристап за постигнување напредок додека во исто време ги заштитува своите и интересите на своите вработени.
Дали сум заштитен/а ако го користам механизмот, односно системот за укажување?
Системот е креиран и дизајниран да го заштити укажувачот кој постапува несебично, со добра волја и кој имал лични сознанија за фактите, со гаранција дека неговиот идентитет и информацијата ќе бидат чувани во доверливост. Укажувачот е заштитен и за време и по истрагата во однос на неговата пријава. Секое прекршување на оваа доверливост од страна на одговорните за справување со предупредувања може да доведе до санкција.
Секој има право да го користи системот за укажување без да му треба претходно одобрување или знаење на менаџерот. Секој обид за мешање при пријавување или спречување укажувач да поднесе пријава, може да резултира со санкција.
Сепак, несериозната (злонамерна) употреба на системот за укажување може да биде предмет на дисциплинска процедура.
КОРИСНИ ЛИНКОВИ
Етика и усогласеност на Групацијата АДП Веб страница за Кодекс на однесување
Веб страница за Етика и усогласеност на Групацијата АДП
https://www.parisaeroport.fr/en/ group/group-strategy/ethics-and-compliance
Не двоумете се да ги упатите партнерите и заинтересираните страни на оваа страница за да можат да се запознаат со нашиот Кодекс на однесување