ПОИМНИК

ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОВЕРБА

Злоупотребата на довербата се состои во употреба на нечии средства на начин што претходно не бил договорен со сопственикот на споменатите средства. На пример, користење на средства обезбедени од компанијата (кредитни картички, автомобили, итн.) за лични цели без експлицитен претходен договор. Во Франција овој прекршок се казнува со затворска казна од 3 години и парична казна од 375,000 евра.

ПРИКРИВАЊЕ

Прикривањето е чин на криење, задржување или воздржување од откривање на нешто, додека нелегално тргување е постапување како посредник со цел да се продаде или да се пренесе нешто, знаејќи дека тоа е производ на кривично дело или прекршок. Во Франција овој прекршок се казнува со затворска казна од 5 години и парична казна од 375,000 евра.

КОРУПЦИЈА

Корупцијата се состои од прибавување предност (подароци, гостопримство, пари, информации, итн.) за кое било јавно или приватно лице со цел да се натера да дејствува или да се воздржи од дејствување или постапување. Корупцијата може да биде активна (од страна на корупционерот) или пасивна (од страна на лицето кое е корумпирано). Во Франција овој прекршок се казнува со 10 години затворска казна и парична казна од 1 милион евра

ОБВРСКА ЗА ЛОЈАЛНОСТ

Потпишувањето на Договор за вработување (договор за вработување на неопределено време, договор за вработување на определено време, договор за практична работа, и др.)  ги обврзува и вработениот и работодавецот на обврската за лојалност што бара двете страни да ги извршуваат договорните обврски со интегритет.

Обврска за лојалност бара од вработениот да избегнува да дејствува и да постапува на начин што може да и наштети на компанијата. Обврската за лојалност е генерално поврзана со обврската за преданост или доверливост.

ПОТПЛАЌАЊА

Потплаќање значи плаќање пари со цел да се олесни или забрза административен процес (на пр. добивање дозволи), најчесто на државен службеник или вработен, кога таквата постапка не е официјална, односно не е во согласност со вообичаени процеси и правила. Во многу земји, овој вид активност спаѓа во доменот на корупција.

ФАВОРИЗИРАЊЕ

Фаворизирање се јавува кога некој обезбедува или се обидува да обезбеди неправедна предност на некој друг со кршење на правилата со кои се уредува слободен и еднаков пристап до јавни договори и договори за делегација на јавни услуги. Во Франција овој прекршок се казнува со 2 години затворска казна и парична казна од 30.000 евра.

ПРОНЕВЕРА

Проневера е кога физичко или морално лице е измамено да (пре)даде пари, акции или други средства, да обезбеди услуги или да се согласи на одредени активности и/или постапки, со измамничка употреба на лажно име или идентитет, со злоупотреба на вистински идентитет или со користење методи наменети за измама. Во Франција овој прекршок се казнува со затворска казна од 5 години и парична казна од 375,000 евра.

ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ

Злоупотреба на службена положба и овластување  се појавува кога лице од јавен орган, одговорно за јавни услуги, или овластено преку јавно избрани овластувања, директно или индиректно, зема, прима или задржува интерес од кој било вид за компанија или фирма, додека, во исто време делумно или целосно лицето е одговорно за следење, водење, ликвидација или плаќање на споменатата компанија или фирма. Во Франција овој прекршок се казнува со затворска казна од 5 години и парична казна од 500.000 евра, или во некои случаи двојно повеќе од профитот направен од кривичното дело.

НЕЛЕГАЛНО ТРГУВАЊЕ СО АКЦИИ

Нелегално тргување со акции е дело што се однесува на финансиските пазари. Се јавува кога некое лице работи на берза (купување или продажба) врз основа на информации што не се објавени во јавноста. Во Франција овој прекршок се казнува со затворска казна од 5 години и парична казна до 100 милиони евра.

НЕСООДВЕТНА  ИЛИ НЕПРАВЕДНА ПРЕДНОСТ

Ова се однесува на каква било предност или корист (пари, услуги, подароци, гостопримство, и сл.) што нема соодветен еквивалент во легитимен однос. На пример, исплати што не се совпаѓаат со исплатите потребни за одредени производи или услуги.

ЛОБИРАЊЕ

Според Транспаренси Интернешнл  (здружение во кое Групацијата АДП е член уште од 2008), лобирање е „секоја писмена или усна комуникација меѓу претставникот на интересната група и јавниот одлучувач наменета да влијае врз донесувањето одлуки“.

ЗЛОУПОТРЕБА НА СРЕДСТВА НА КОМПАНИЈАТА

Злоупотребата на средства на компанијата е дело, односно прекршок што може да биде извршен од страна на менаџер и на компанија кои злонамерно користат компаниски производи или средства, знаејќи дека тоа е спротивно на интересите на компанијата, за нивна лична добивка или пак во корист на друга компанија или правен субјект каде имаат директен или индиректен интерес. Во Франција овој прекршок се казнува со затворска казна до 5 години и парична казна од 375,000 евра.

ПЕРЕЊЕ ПАРИ

Перењето пари е чин на „чистење“ на противзаконска добивка (од трговија со дрога, кражба, измама или даночна измама и сл.) преку нејзина канализација во правни активности (имот, ресторани и сл.). Во Франција овој прекршок се казнува со затворска казна од 5 години и парична казна од 375,000 евра, а во посериозни случаи со затворска казна од 10 години и парична казна од 750.000 евра.

ЗАСЕГНАТИ СТРАНИ (ЧИНИТЕЛИ)

Засегната страна, или чинител е секое лице или група луѓе кои можат да влијаат врз или да бидат под влијание на постигнувањето на целите на компанијата. Засегнатите страни, односно чинителите можат да имаат директен или индиректен однос со компанијата. Засегнатите страни можат да бидат внатрешни (менаџери, вработени, директори, и сл.) или надворешни (акционери, партнери, клиенти, добавувачи, конкуренти итн.).

УКАЖУВАЧ

Укажувач е физичко лице кое објективно и со добра волја известува за или открива знаење од прва рака за кривично дело или прекршок, за јасно и сериозно кршење на законот или прописите, или пак за закана или сериозна опасност за општата заедница.

Укажувачот е правно заштитен од сите репресалии (на пр. од неговиот или нејзиниот работодавец) и од секакво кривично гонење.

резиме