ВОВЕД
ЕТИЧКИОТ ИМПУЛС НÈ ОДРЖУВА НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ!
За Групацијата АДП, етиката и усогласеноста со законските одредби опфаќаат придржување кон законите и правните акти, прописите и регулативите на државите каде што групацијата е присутна со своите деловни активности, како и придржување кон вредностите.
Згора на тоа, Groupe ADP, стана потписничка на 10-те принципи на Глобалниот договор на ОН во 2003 година.
За да се реализираат промените во процедурите, прво мора да се зацврстат етиката и усогласеноста во културните промени. Секој вработен се заложува на оваа културна промена преку примена на вредностите на Групацијата АДП во нивната секојдневна работа.
Добриот етички импулс нè одржува на вистинскиот пат!
ЛОЈАЛНОСТ:
ДВОНАСОЧНА ЗАЛОЖБА
Потпишувањето на Договор за вработување (договор за вработување на неопределено време, договор за вработување на определено време, договор за практична работа, и др.) ги обврзува и вработениот и работодавецот на обврската за лојалност што бара двете страни да ги извршуваат договорните обврски со интегритет.
ОБВРСКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ Е ПРИМЕНЛИВА:
-
Во текот на времетраењето на договорот за работа, за време на мирување или отсуство, и за време на празници;
-
За сите вработени на сите работни позиции;
-
Со исклучок на одредби од договор за работа кои се спротивни на ова.
Оваа обврска опфаќа широк спектар на активности што може да предизвикаат незаконско нанесување штета, односно штетно делување врз една од страните, извршени од страна на вработениот (не му нанесувајте штета или не го потценувајте вашиот работодавец, клиентите, добавувачите, партнерите, итн.; не откривајте доверливи информации, не започнувајте конкурентска работа без претходно овластување, и сл.) или од страна на работодавачот (исплаќање плата и придржување до крајни рокови, обезбедување на договореното работно место на вработените, обезбедете им на вработените доволно ресурси за извршување на работата што се очекува од нив, итн.).
Eтиката и усогласеноста се двигател на довербата, а оттука произлегува и ефикасноста и квалитетот при работењето на нашата Групација и сите нејзини чинители, односно засегнати страни!
Тие сочинуваат 12–18% од нашиот дополнителен финансиски рејтинг, што има директно влијание врз нашиот капацитет за пораст.
Секој вработен мора да е активен учесник во овој процес и да дејствува како амбасадор на нашата етичка култура при работењето со засегнатите страни.
Етиката и усогласеноста се од непроценливо значење за Групацијата АДП и мора да бидат заштитен знак во работењето и деловната активност.
Правилата за етика и усогласеност со законските одредби се составен дел од нашите интерни правила. Тие се базирани врз три основни начела, односно принципи, што мора да ја водат и насочуваат нашата работа: одговорност, интегритет и почит.
Тие мора да бидат прифатени и применети од страна на сите вработени, без оглед на нивната работна позиција или хиерархиско ниво, како и од секој што работи за или во име на нашата компанија. Вработените исто така мора да бидат сигурни дека лицата што се под нивна одговорност ги почитуваат принципите.
Непочитувањето на и непридржувањето кон овие правила може да доведе до дисциплинска постапка.
Затоа од голема важност е да разговарате со вашите менаџери и/или раководители или со Офицерот за етика и усогласеност за какви било чувствителни ситуации. Разгледувањето и дискутирањето на овие прашања се клучни чекори за развој на вистинските постапки, притоа наоѓајќи соодветни решенија, откривајќи потенцијално ризични ситуации и нивно правилно ескалирање. Заедно можеме да помогнеме компанијата да расте и да се развива.
Нашето активно учество и заложба нè одржуваат на вистинскиот пат!