ЗОШТО ГРУПАЦИЈАТА АДП
ИМА ПОТРЕБА ОД ПРОГРАМА
ЗА ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОСТ

ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОСТ:
НАШАТА ДЕФИНИЦИЈА

За Групацијата АДП, етиката и усогласеноста опфаќаат и усогласеност со законите, законските одредби и правните регулативи, прописи и усогласеност со вредностите.

ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОСТ: ВЛОГОВИТЕ

Етиката и усогласеноста станаа универзален услов, односно универзално барање во деловните зделки.

Нашите засегнати страни обрнуваат многу големо внимание на нашето однесување во овие две клучни области. За возврат, нашето однесување им докажува дека нашата Групација е достојна на нивната доверба.

Исто така, непочитувањето на правилата за етиката и усогласеност може да доведат до исклучување од одредени пазари (Светска Банка, итн.)  или пак може да резултира со забрана за кредитирање од одредени банки за постигнување на наша цел, односно забрзување на нашиот раст.

Оттука, етиката и усогласеноста имаат директно влијание врз довербата што засегнатите страни ја имаат кон нас и кон ефикасноста и квалитетот на нашето работење.

Одредени прекршоци во однос на етиката може да доведат дури и до големи парични казни и глоби за компанијата и нејзините вработени.

Целта на нашиот механизам за етика и усогласеност е да ги заштити не само компанијата, туку и сите вработени во Групацијата АДП.

ВЛАСТИТЕ НА САД ПРИМЕНИЈА СТРОГИ САНКЦИИ ЗА КОРУПТИВНИ ДЕЛА, НА ПРИМЕР:

  • Петролео Брасилеиро – Петробрас (Бразил)  /Petróleo Brasileiro S.A.–Petrobras (Brasil)/:
    1,78 милијарди долари (2018г.).

  • Сименс (Германија) /Siemens (Germany)/:
    800 милиони долари
    (2008г.)

  • Алстом (Франција) /Alstom (France)/:
    772 милиони долари
    (2014г.).

  • Сосиете Женерал (Франција) /Société Générale S.A. (France)/:
    585 милиони долари (2018г.).

  • КБР / Халилбурот (САД) /KBR / Halliburton (USA)/:
    579 милиони долари (2009г.)

КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ: РАЗМИСЛУВАЊЕ И ПРИМЕНА

Групацијата АДП работи во свет со високо поставени стандарди во кој навидум незначителни постапки на несоодветно однесување може да доведат до последици што може да чинат многу (на пример: парични казни, затворски казни, деловни санкции,нанесување штета на репутацијата, итн.). Затоа, Групацијата АДП донесе одлука јасно да ги утврди своите правила на однесување коишто, иако не можат да ја опфатат секоја ситуација и/или настан, сепак служат за заштита на компанијата и нејзините вработени.

Овој Кодекс на однесување се однесува на сите вработени во Групацијата АДП.

Целта на Кодексот е да се фокусира на главните теми за етика преку конкретни примери за да им помогне на вработените да ја преземат одговорноста во однос на принципите и да ги применуваат во сите аспекти од нивното работење.

ПРОГРАМА ЗА ЕТИКА И УСОГЛАСЕНОСТ: РАЗВОЈ И УПРАВУВАЊЕ

Одделот за етика и Одделот за правни работи и осигурување работат заедно на ниво на Групацијата за да ја креираат и развијат програмата. Тие исто така ќе работат заедно и за да ја имплементираат програмата, со поддршка од Офицерите за етика и усогласеност во рамки на нашите подружници и во соработка со надлежните лица од другите засегнати сектори и оддели.

КАКО ДА ПОСТАПИТЕ ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРАШАЊА ИЛИ ПАК ВО СЛУЧАЈ НА ЧУВСТВИТЕЛНА СИТУАЦИЈА

Од суштинско значење е да ја споделите вашата загриженост, ако имате прашања или ако се соочувате со чувствителна ситуација! Преку комуницирање и дискутирањето на овие прашања, тие полесно се разјаснуваат, а во исто време ни овозможува да откриеме доколку постојат ризици и секако, ни помага да најдеме соодветни решенија со вашиот претпоставен/менаџер.

Исто така постои и механизам, односно систем за укажување*. Повелбата за укажување можете да ја најдете на платформата за укажување..

10-те ПРИНЦИПИ НА
ГЛОБАЛНИОТ ДОГОВОР НА ОН

Човекови права

  • 1/

    Поддршка и почитување на заштитата на меѓународно признатите човекови права.

  • 2/

    Гаранција дека нема соучесништво во кршење на човековите права.

Работна сила

  • 3/

    Поддршка на слободата на здружување и ефективно признавање на правото на колективно преговарање.

  • 4/

    Елиминација на дискриминација во поглед на вработување и занимање.

  • 5/

    Ефективно укинување на детската работна сила.

  • 6/

    Елиминација на сите облици на присилна и задолжителна  работа.

Животна околина

  • 7/

    Поддршка на внимателен пристап кон предизвиците од значење за животната средина.

  • 8/

    Преземање иницијативи за промовирање на поголема одговорност кон животната средина.

  • 9/

    Поттикнување на развој и распространетост на еколошки технологии.

Спречување корупција

  • 10/

    Борба против корупција во сите форми на корупција, вклучувајќи изнудување и поткуп.

резиме